Во рамки на одбележување на 18 години од започнувањето на работата на Специјализирана Болница по Хируршки Болести „ЖАН МИТРЕВ“ од Скопје, во аудиториумот на болницата на 2 март 2018 се одржа 7-миот собир на Здружението за кардиоваскуларна хирургија и работилница на тема „Новини и трендови во кардиоваскуларната медицина“.

Во рамки на семинарот со свои излагања учествуваа: проф. д-р Марко Турина со „Кардиохирургијата вчера, денес и утре“, проф. д-р Антон Мориц со „Рос процедура“, проф. д-р Теодор Фишлајн со „Suturless аортна валвула“, проф. д-р Џорџ Сарис со „Double Outlet Right Ventricle: комплексна лезија…“, проф. д-р Бојан Биочина со „Левокоморна потпора“, проф. д-р Сотирис Прапас со „Неаортнабајпас хирургија-долговременски резултати“ и Академик Жан Митрев со „Реконструктивна хирургија на аортен корен“.

Фармацевтската компанија Реплек Фарм учествуваше со штанд на кој беа претставени производите од линијата Каноил и препаратите кои наоѓаат примена во кардиологијата.