насловна | реплекфарм | линкови | контакт | мапа на сајтот | english  
 
» Основни податоци за     групацијата
    » За нас
    » Историјат
    » Дејност
       » Бизнис активности
          » Новости
    » Организација
    » Вработени

» Односи со инвеститори

    » Извештаи
       » Годишни извештаи
       » Периодични извештаи

    » Годишно собрание на
       акционери 2012 година

       » Јавен повик
       » Предлог одлуки
       » Обрасци

    » Годишно собрание на
       акционери 2011 година

       » Јавен повик
       » Предлог одлуки
       » Обрасци

    » Клучни финансиски
       податоци

    » Останати информации

» Мото на групацијата

» Корпоративна општествена
   одговорност

       » Награди, сертификати,
            признанија
» Линкови
» Контакт

  ИСТОРИЈАТ



РЕПЛЕК АД Скопје е компанија која стана синоним на работењето со лекови, медицински помагала и медицинска опрема. Во текот на годините, компанијата постепено се развиваше и ги ширеше своите активности. Денес, после скоро 65 години искуство и хармонизација на работењето со условите на пазарот, РЕПЛЕК АД со помош на сопствените ресурси и капитал, претставува една од најголемите фармацевтски компании во земјата.

РЕПЛЕК АД Скопје, како друштво за медицинско снабдување увоз-извоз беше формиран во 1945 година со одлука на Министерскиот совет на Федеративна Република Македонија.

Друштвото го имаше следниот развој во текот на годините:

•  1945 – 1949 година. Друштвото функционираше како државен склад за лекови со седиште во Скопје. Овој период се одликуваше по тоа што сите аптеки на територија на Македонија беа дадени на управување на Друштвото и преку него се вршеше планска дистрибуција на лекови во целата земја. Во тоа време, Друштвото броеше само 15 вработени;

•  1950 - 1955 година. Во овој период Друштвото ја прошири територијата на дистрибуција, која освен Македонија, ги покриваше и Косово и Јужна Србија. Во подоцнежниот период, Друштвото ја прошири не само територијата на дистрибуција, туку и своето работење, така што освен снабдувањето со лекови и други фармацевтски производи, почна со дистрибуција и на медицинска опрема, медицински потрошен материјал и дентални производи;

•  1955 – 1991 година. Компанијата беше во сопственост на државата со структура на вработени во согласност со тогашниот Закон за вработување и другите релевантни регулативи;

•  1991 – 1994 година. Во согласност со позитивната законска регулатива беше период на трансформација на компанијата во акционерско друштво специјализирано за големопродажба на лекови, медицински помагала и медицински потрошен материјал;

•  1994 – 1996 година. Настана проширување на работниот опсег на компанијата претставен преку Планот за развој во тек на наредните 5 години и следнава стратегија беше донесена:
         - да се започне со градба на нова фабрика за лекови во рамките на веќе постоечкиот            деловен простор во кои беше сместена веледрогеријата,
         - преку здружен капитал со мултинационална компанија да се купи ново земјиште на            кои ќе се гради „НАПРАВИ САМ“ маркет и
         - да се воспостави и лиценцира ланец на аптеки (продажба на мало);

•  1996 година. Првата компанија-ќерка РЕПЛЕК АД Скопје лиценцира и отвори аптеки за промет со лекови на мало со компентентно обучен кадар и работен простор;

•  1996-1999 година. Во овој период, Друштвото ја отпочна постапката на приватизација и истата успешно се заврши;

•  2001 година. Втората компанија-ќерка РЕПЛЕКФАРМ ДООЕЛ Скопје, фармацевтска фабрика екипирана со кадар, опрема и деловни простории согласно локалните законски барања беше лиценцирана, отворена и започна со работа.

•  2003 година. Третата компанија-ќерка „РЕПЛЕК и ХУБО ИНТЕРНАЦИОНАЛ“-ДОО Скопје беше формирана и „НАПРАВИ САМ“ маркетот-РЕПЛЕК и ХУБО и ресторанот Ден и Ноќ беа екипирани, лиценцирани согласно локалните барања и започнаа со работа.

•  2008 година. Сите 3 компании-ќерки се во функција а водечка е фабриката за лекови РЕПЛЕКФАРМ ДООЕЛ Скопје.

Горе