Групацијата РЕПЛЕК АД Скопје содржи 3 фирми
ќерки во својата структура:
РЕПЛЕК АД Скопје веледрогерија
што е сертифицирана за вршење дејност: увоз-извоз и големопродажба
на лекови, медицински помагала и медицинска опрема;
РЕПЛЕКФАРМ ДООЕЛ Скопје е фабрика
за лекови и хемиски производи, сертифицирана од страна на Министерството
за здравство која произведува лекови наменети за перорална и локална
употреба во цврсти, полуцврсти и течни дозажни форми;
РЕПЛЕК и ХУБО ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДОО Скопје
која се состои од голем „НАПРАВИ САМ“ маркет- РЕПЛЕК и
ХУБО и ресторанот „Ден и Ноќ“. Компанијата
е со мешовита сопственост 80% е во сопственост на РЕПЛЕК АД-Скопје
а 20% е во сопственост на ХУБО ИНТЕРНАЦИОНАЛ-Белгија. Активностите
на маркетот-РЕПЛЕК и ХУБО се состојат во големопродажба и малопродажба
на различни видови куќни направи и апарати а активностите на ресторанот
„Ден и Ноќ“ се состојат во подготвување храна.
Реплек АД Скопје територијално е локализиран дел во модерна градба
во Скопје, и истата се состои од административна зграда и магацин
за складирање и раководење со лекови и медицински помагала. Вкупната
површина под објекти изнесува 12.666 м2 а дворна површина се 12.844м2.
Компанијата-ќерка РЕПЛЕКФАРМ ДООЕЛ Скопје е со расположив простор
од 3000 м2 , во кој се содржат простории за производство и складирање
како и сопствена лабораторија за развој и истражување, како и лабораторија
за контрола на квалитет.
Компанијата-ќерка РЕПЛЕК и ХУБО-ДОО Скопје е сместена на друга
локација. Вкупната површина изнесува 16.430м2 од кои објектот Реплек
и Хубо маркет е со 3300 м2 површина и ресторанот „Ден и Ноќ“ е
со 990 м2 површина.
Горе
|