Во рамките на планираните активности на Реплек Фарм на ден 21.12.2017 година во клуб ресторан Ден и Ноќ во 19.30 часот се одржа предавање на тема  „Примена и практични искуства од употребата на медицински канабис – гранични производи што содржат канабидиол“, акредитирано од страна на фармацевтска комора , на кое присуствуваа 180 фармацевти  од Македонија.

Предавачи беа Гордана Трендовска Серафимовска, фарм. спец. по Контрола на квалитет во Реплек Фарм на тема ” Каноил – гранични производи со CBD ( Канабидиол ) од природен екстракт од канабис” и Др. Ирена Витановска спец. по општа и семејна медицина на тема ” Примена и практични искуства од употребата на медицински канабис”.

Д-р Ирена Витановска, од ПЗУ Ихтус Ремедиум, која ги применува Каноил производите во својата пракса направи комплетен приказ на личните искуства од употребата на овие производи како дополнителен третман при различни здравствени состојби кај различни пациенти.

По предавањето на горниот спрат од ресторанот се одржа коктел каде што фармацевтите ги споделија нивните лични искуства од пациенти кои ги употребуваат Каноил производите, а воедно и се забавуваа.