Клуб Ресторанот Ден и Ноќ е реномиран ресторан
од висока класа. Лоциран е на брегот
на реката Вардар, во мирен
дел на градот.
Престојот во ресторанот претставува незаборавно доживување. Овозможува
пријатни мигови на уживање во исклучително добра храна, одбрани
вина, врвна услуга, тивка музика, ексклузивен ентериер,.
Ресторанот зафаќа површина од 1055 м2. Располага со две атрактивни,
елегантно опремени сали и коктел бар.
Прекрасната летна тераса опкружена со зеленило и со извонреден
поглед кон реката Вардар, претставува неповторливо место за одмор
и релаксирање далеку од градската врева.
Богатото и разновидно мени изобилува со префинети рецепти, пред
се од француската, но и со одбрани јадења од италијанската, кинеската,
македонската и други кујни.
Винската карта нуди внимателно селектирани француски и македонски
вина.
Капацитетот на ресторанот е 350 гости.
Располага со приватен паркинг
со 150 паркинг места.
Климатизиран е и озвучен.
Поседува аудио и видео опрема.
Погоден е за организирање коктели,
приеми, деловни ручеци, стручни и научни симпозиуми, деловни и други
средби, прослави, забави, свадби ...
Горе
|