Heaven7 Biocellular ANTI-AGE, крем против флеки


Heaven7 Biocellular Anti age кремот против флеки во својот состав како главна компонента содржи пептиди од морска репа. За делотворноста на препаратот потврда се и клиничките студии кои укажуваат дека пептидите од морска репа имаат депигментирачки ефект преку намалување на синтезата на меланинот, пигмент кој ја дава бојата на кожата. Пептидите лесно навлегуваат во кожата и помагаат во избелување на темните флеки.

Дополнително витаминот Ц и полифенолите кои се исто така составен дел од формулацијата го прават овој крем вистински избор во борба со темните флеки на Вашата кожа кои можат да бидат од различна природа, и тоа: сончеви пеги и флеки, старечки пеги и флеки, пигментации кои се јавуваат во бременоста,  дисколорации (клоазма, мелазма) како резултат на дејство на одредени хормони, пигментации во форма на пеперутка кај болни од лупус итн.

Со редовна употреба наутро и навечер кожата повторно ќе блесне, а флеките на лицето постепено ќе избледат.

Производот не содржи парабени и вештачки бои што го прави безбеден за употреба и со намалена можност за појава на иритации и алергиски реакции.

Heaven7 Biocellular ANTI-AGE, крем против брчки за околу очи


Heaven7 Biocellular Anti age крем против брчки околу очи претставува мултикомпонентен крем со внимателно одбрани активни состојки за интензивен третман на кожата околу очите со видливи резултати.

Овој уникатен крем против брчки во својот состав содржи комбинација од арганово масло, хијалуронска киселина, екстракт од соја, екстракт од пченица, ретинол и витамин Ц.

Аргановото масло е природно масло богато со антиоксиданси, кои имаат поволно влијание на кожата и го спречуваат нејзиното стареење. Заради својот богат состав со право го носи епитетот „течно злато“ и се почесто наоѓа примена во козетичките препарати.

Аргановото масло и хијалуронската киселина ја одржуваат влагата на кожата, ги намалуваат постоечките брчки и го спречуваат појавувањето на нови.

Екстрактот од соја е со органско потекло, богат со витамин Е и активни компоненти (фитостероли) кои ја смируваат и ја обновуваат кожата на лицето.

Екстрактот од пченични трици е исто така со органско потекло и содржи висока концетрација на фитостероли кои имаат улога на природни антиоксиданси и конзерванси.

Витаминот Ц е силен антиоксидант, кој има поволно влијание на кожата преку неутрализирање на штетните слободни радикали со што го спречува нејзиното стареење. Дополнително витаминот Ц го стимулира создавањето колаген и помага во изедначување на тенот (избелување) на лицето.

Ретинолот е најмоќна состојка против создавање на брчки што е потврдено со бројни клинички студии. Ефектот го остварува преку стимулирање на создавањето на колаген во кожата. На тој начин се враќа цврстината и еластичноста на кожата и нејзиниот природен и младешки изглед.

Со редовна употреба на кремот два пати дневно со кружни движења околу очите ќе се сузбијат и најнапредните знаци на стареење и ќе дојде до намалување на брчките, изедначување на тенот и враќање на еластичноста, волуменот и тонусот на кожата околу очите.

Сите активни компоненти се со сертификат за квалитет, произведени во согласност со европската регулатива, не се генетски модифицирани, микробиолошки се чисти, не содржат пестициди и други токсични материи кои би ја иритирале кожата, а не се користени животни за нивно тестирање.