–  УСПЕШНО ЗАВРШЕНА ТРЕТА ЕВРОПСКА ДПП СЕРТИФИКАЦИЈА  –

Фабриката за лекови Реплек Фарм ДООЕЛ, Скопје успешно ја помина инспекцијата од страна на JAZMP-Агенијата за лекови од Словенија, со што се здоби со обновен ДПП Сертификат, истовремено и проширен со вклучени поголем број на нестерилни производи и посебно со вклучување на микробиолошкото тестирање во контролата на лекови. Со ова Реплек Фарм ги докажа високите принципи во производството и во обезбедување на квалитетот на своите лекови, а посебно со добивањто на овај ДПП Сертификат се отворија можностите за успешен настап на Европските и светските пазари.

Реплек Фарм ДООЕЛ Скопје во континутет продолжува да обезбедува производството на своите медицинските производи да одговара на основната намена, односно истите да се произведуваат во согласност со барањата за квалитет, сигурност, ефикасност и безбедност.