Во организација на Реплек Фарм, а во рамките на континуираното одржување на одличните врски со партнерите, на 9ти јули 2018 година гости од Република Казакхстан ја посетија компанијата. Групата за посета која броеше 17 членови ја сочинуваа вработени од фирмата партнер Вега Фарм и врвни лекари специјалисти дерматолози, гинеколози, хирурзи, психијатри и сл. кои работат во Казакхстан.

Целта на посетата беше запознавање на гостите со основната дејност на компанијата, со стандардите за квалитет за производство на лекови, стандардите за контрола на квалитет, високо-специјализираната опрема и стручниот кадарот со кои располага Реплек Фарм, мисијата и визијата на компанијата, производниот програм со акцент на лековите кои се извезуваат во нивната земја преку партнерот Вега Фарм, присуството на странски пазари и тенденцијата за постојан раст и ширење на извозната палета и пазарите во кои извезуваме.

Гостите имаа прилика и лично да се запознаат со стандардите на фабриката, како и активностите за контрола на квалитет на фармацевтските производи, односно ја посетија фабриката, производниот погон, секторот за истражување и развој, а посебно се задржаа во секторот за контрола на квалитет.

Гостите беа многу задоволни од остварената посета, особено што имаа прилика да видат како со врши производството на лекови и да се уверат во безбедноста и квалитетот на производите кои ги препорачуваат во секојдневната работа.

Посебна благодарност за ангажманот и ефикасното спроведување на постапката за издавање  на визи за гостите од Република Казакхстан Реплек Фарм изразува до неговата екселенција Конзулот Мухарем Меџити, кој на крајот на вечерта ги поздрави групата на гости.