Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија – МЗЦПК го одржа својот годишен состанок на 27.12.2017 година со почеток во 19.30 часот во клуб ресторан Ден и Ноќ. Состанокот беше акредитиран од МЛД/ЛКМ за континуирана медицинска едукација.

По воведниот збор на претседателот на здружението доц. д-р Горан Димитров се продолжи дискусија според точките од дневниот ред:

  • Клинички упатства за скрининг на цервикален карцином – предавач д-р Ѓорѓи Костадинов.
  • Презентација Реплек Фарм – Антибиотици од производниот програм на Реплек Фарм кои имаат најчеста примена во гинекологијата – предавач дипл. фарм. Јасминка Карановиќ.
  • Гранични производи со CBD (канабидиол) – Каноил Феме примена во гинекологијата – д-р Љубица Јосифоска.