Клинички верифицираните резултати од оваа студија ги потврдуваат својствата на бензидаминот (Оралсепт) кои се особено ефективни во способноста за намалување на болката во постоперативниот период и редукцијата на локалната ткивна инфламација. Овие податоци ни даваат за право да сугерираме локална примена на бензидаминот во предоперативниот период за кондиционирање на оралните ткива и редукција на простагландинската и цитокинска активност како и пролонгирана негова употреба 7 дена по оралнохируршката интервенција. Интенција е понатаму постапката да прерасне во облигаторен протокол за предоперативна припрема и постоперативна нега на пациентите по оралнохируршка интервенција со што ќе биде минимизиран постоперативниот дискомфорт.