Управување со репроматеријали и складирање

Почетните материјали (суровини, амбалажа и “in bulk” производи) Реплек Фарм ДООЕЛ Скопје ги набавува од одобрени производители/добавувачи и се со квалитет кој одговара на соодветната спецификација за квалитет.
Приемот на материјали се врши во магацинот за суровини и амбалажа, согласно Процедурата за прием и складирање на суровини, амбалажа и in bulk производи.
При приемот, на материјалите им се доделува интерен сериски број, согласно СОП за формирање на сериски број на суровини, амбалажа и in bulk производи.
Узорцирањето на материјалите се врши од страна на обучени узоркувачи од Секторот Контрола на квалитет, согласно соодветните СОП – ови. Суровините и in bulk производите се узорцираат во посебна комора за узорцирање, додека паковниот материјал се узорцира на местото на прием.
По узорцирањето, на секоја амбалажна единица се става налепница “узорцирано” и материјалите се одлагаат во Карантин за суровини, амбалажа и in bulk производи, до добивањето на позитивен аналитички одговор, по што се префрлуваат на соодветните палетни места во магацинот за суровини и амбалажа. Од таму се издаваат во производниот погон, соодветно на потребите и плановите на Сектор Производство.
По компјутерското ослободување на серија готов лек во промет од страна на Овластеното лице, се врши негово физичко префрлување од просторот за карантин на соодветното палетно место во магацинот за готов лек.
За секој производ постои соодветно компјутерски означено палетно место во Магацинот за готов лек. Состојбата на секој производ се следи преку т.н. материјална картица на производот, во која се дадени количините и сериите од тој производ кои моментално се наоѓаат на лагер, како и секој излез и влез на тој производ во Магацинот за готов лек. Издавањето на готовите лекови се врши со почитување на FIFO правилото (First In First Out), т.е. прво се издаваат оние серии кои се први произведени.
Готовите лекови кои содржат псохотропни супстанции се чуваат под клуч и пристапот до нив е само со дозвола на Раководителот на магацинот за готов лек.
Лековите кои бараат посебни услови за чување, се чуваат во фрижидер, кој во случај на пад на електичниот напон се снабдува со струја преку агрегат.
Температурата и влагата во Магацинот се мониторираат во текот на 24 часа, компјутерски, со помош на мерачи / сензори, кои се поставени на критичните места во магацинот. При остапување на некој од овие параметри, се превземаат соодветни корективни / превентивни мерки.
Чистењето на магацинот се врши секојдневно и се евидентира согласно СОП-от за чистење во магацин .


Диструбуција


Сите веледрогерии со кои Реплек Фарм ДООЕЛ Скопје има склучено договор за испорака на своите производи поседуваат лиценца за работа.
Транспортот на робата се одвива со возила во кои се контролира температурата и влагата.
Секоја испорака на роба за домашен пазар е пропратена со испратница/фактура и со сертификат за квалитет за секоја серија на производ.
Испораката на роба за странски пазар е пропратена со извозна фактура, пакинг листа и сертификат за квалитет за секоја извезена серија на готов лек.
Целата дистрибуција се евидентира во компјутерскиот систем, со што се обезбедува следливост на дистрибуираната роба до веледрогериите (вид, серија, количина, локација).