На ден 25 февруари 2018 година се одржа Меѓународниот ден на Кохлеарниот имплант во организација на Здружението на родители на деца со оштетен слух Сурдитас Плус, кој се одржа во детскиот театарски центар, во старата скопска чаршија. На настанот беа присутни претставници на општината Центар, како и доктори од клиниката за ОРЛ, Скопје. Реплек Фарм како поддржувач на здружението беше присутен со свои претставници и ги промовираше производите наменети за детската популација. На крајот на настанот на децата им беа поделени подароци од производниот програм на Реплек Фарм.