oralsept

 

 

 

 

 

 

 

ОРАЛСЕПТ®, производ на РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ Скопје во соработка со фармацевтската компанија Сэлвим, Русија  почна да се извезува во Руската Федерација во 2015 година (http://oralsept.ru/).

Со континуиран и посветен ангажман во делот на промоцијата и продажбата, како и со побарувачката за овој  производ врз основа на препораките од лекарите и задоволството на пациентите,  Оралсепт за период од  2 години успеа да постигне продажба со која се искачи на осмото место  од десет-те  најпродавани ОТЦ брендови во Руската Федерација. Според податоците на  Quintiles Ims од Рускиот фармацевтски Форум одржан на 16-17 Maј 2017 година,  на ОТЦ фармацевтскиот пазар на Руската федерација има многу посилен влез на новорегистрирани брендови ( меѓу кои и ОРАЛСЕПТ®) во споредба со 2014 година. (TOP 10)

Оралсепт® , benzydamine, 0.15% раствор во форма на спреј за уста, е наменет за локална употреба во усната празнина каде манифестира локално аналгетско (ја ублажува болката),  анестетско (ја намалува чувствителноста на лигавицата) и антисептичко дејство (ги уништува микроорганизмите).

Оралсепт® се употребува за лекување на симптомите на болни воспалителни состојби и иритации во усната празнина и грлото.

Овој податок уште еднаш ја потврдува заложбата на РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ Скопје за производство на високо квалитетни производи препознатливи во цел свет и континуирана грижа за крајните корисници.