Адолор® Грипо Ц

Paracetamol, ascorbic acid,caffeine,chlorpheniramine maleate
Филм-обложени таблети 20 x (200 mg+150 mg+25 mg+2.5 mg)
ATC N02B E51
Се издава без рецепт

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА



АДОЛОР® Грипо Ц не е наменет за деца на возраст под 12 години.
Препорачано дозирање на АДОЛОР® Грипо Ц кај возрасни и деца на возраст над 12 години е 2 филм-обложени таблети, 3 пати на ден.
Во случај на нарушена ренална или хепатална функција, дозата треба да се намали односно интервалот помеѓу дозите треба да се зголеми.

Лековите кои се издаваат без рецепт, се купуваат по слободен избор на потрошувачот.
Сепак, матичниот доктор и фармацевтот треба да бидат информирани кои лекови кои се издаваат без рецепт нивниот пациент ги користи.

Additional information

СОСТАВ

1 филм-обложена таблета содржи 200 mg парацетамол, 150 mg аскорбинска киселина, 25 mg кофеин, 2,5 mg хлорфенирамин малеат, помошни супстанции, боја хинолин жолта Е 104, пигмент титан диоксид.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

АДОЛОР® Грипо Ц ги ублажува симптомите на настинка и грип:

Ги намалува болките (главоболка, мускулни болки, болки во зглобовите),

Ја намалува температурата,

Го намалува зголеменото солзење, секрецијата од носот и кивањето.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

хиперсензитивност на парацетамол, аскорбинска киселина, кофеин, хлорфенирамин малеат или на некоја од помошните супстанции на лекот,

тешко хепатално или ренално нарушување,

бременост, доење и деца под 12 години.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 20 филм-обложени таблети од (200 mg + 150 mg + 25 mg + 2,5 mg) во блистер пакување.