АДОЛОР® Колд

Paracetamol, pseudoephedrine, dextromethorfan
Филм обложени таблети 20 x (500 mg+30 mg+15 mg)
ATC N02B E51
Се издава без рецепт

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА



Препорачано дозирање на АДОЛОР® Колд кај возрасни и деца на возраст над 12 години е 1 филм-обложена таблета, 4 пати на ден. Може да се земат и 2 филм-обложени таблети наеднаш. Интервалот помеѓу одделните дози треба да биде најмалку 4 часа. Максималната поединечна доза е 2 филм-обложени таблети, додека максималната дневна доза е 2 филм-обложени таблети, најмногу 4 пати за 24 часа.
АДОЛОР® Колд не е наменет за деца на возраст под 12 години.

Лековите кои се издаваат без рецепт, се купуваат по слободен избор на потрошувачот.
Сепак, матичниот доктор и фармацевтот треба да бидат информирани кои лекови кои се издаваат без рецепт нивниот пациент ги користи.

Additional information

СОСТАВ

1 филм-обложена таблета содржи 500 mg парацетамол, 30 mg псеудоефедрин хидрохлорид и 15 mg декстрометорфан хидробромид, помошни супстанции, боја брилијант сино Е 133, пигмент титан диоксид.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

АДОЛОР® Колд ги ублажува симптомите на настинка и грип:

Ги намалува болките (главоболка, мускулни болки, болки во зглобовите),

Ја намалува температурата,

Ја намалува секрецијата од носот и конгестијата на носната слузница,

Ја ублажува надразнителната кашлица.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

хиперсензитивност на парацетамол, псеудоефедрин, декстрометорфан или на некоја од помошните супстанции на лекот,

тешки оштетувања на црниот дроб,

тешки оштетувања на бубрезите,

тешка хипертензија или коронарна артериска болест (ангина пекторис),

едновремена употреба со инхибитори на моноаминооксидаза.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 20 филм-обложени таблети од (500 mg + 30 mg + 15 mg) во блистер пакување.