Адолор® Рино

Paracetamol, pseudoephedrine
Филм-обложени таблети (325 mg +30 mg)
ATC N02B E51
Се издава без рецепт

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


За перорална примена.

Возрасни, вклучувајќи постари лица и деца на 12 годишна возраст и постари:

Препорачано дозирање на АДОЛОР® Рино е 2 филм-обложени таблети на секои четири до шест часа. Интервалот помеѓу одделните дози треба да биде најмалку 4 часа. Максималната дневна доза е 2 филм-обложени таблети, најмногу 4 пати за 24 часа.

Препорачаната доза не треба да се надминува.
АДОЛОР® Рино не треба да се користи истовремено со други лекови кои содржат парацетамол или деконгестиви.
Доколку симптомите перзистираат повеќе од 7 дена, потребен е совет од лекар.
Не треба да се употребува кај деца под 12 годишна возраст.

Лековите кои се издаваат без рецепт, се купуваат по слободен избор на потрошувачот.
Сепак, матичниот доктор и фармацевтот треба да бидат информирани кои лекови кои се издаваат без рецепт нивниот пациент ги користи.

Additional information

СОСТАВ

1 филм обложена таблета содржи 325 mg парацетамол и 30 mg псеудоефедрин хидрохлорид.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

АДОЛОР® Рино е благ до умерен аналгетик, антипиретик и деконгестив.
АДОЛОР® Рино се препорачува за ублажување на симптомите на настинка и грип, вклучувајќи:
• Назална конгестија,
• Болно грло,
• Главоболка,
• Болки во телото,
• Температура,
• Синусни симптоми, пример синусна болка, притисок и конгестија.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

АДОЛОР® Рино е контраиндициран кај пациенти:
• Со претходна историја за преосетливост кон парацетамол, псеудоефедрин или на некоја од помошните супстанции на лекот;
• Со кардиоваскуларно заболување, вклучувајќи хипертензија или тешка коронарна артериска болест. Кои примаат други симпатомиметици (како деконгестиви, апетит супресанти и психостимуланти како амфетамин);
• Со тешко ренално оштетување, хипертироидизам, дијабетес мелитус, глауком или феохромоцитом;
• Кои примаат инхибитори на моноаминооксидаза, или во тек на две недели по прекинување на терапијата со инхибитор на моноаминооксидаза;
• Кои примаат бета блокатори или други антихипертензиви.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 20 филм-обложени таблети од (325 mg+30 mg) во блистер пакување.