Актифен®

Ibuprofen
Филм-обложени таблети, каплети 200 mg.

Филм-обложени таблети, каплети 400 mg.
ATC M01A E01
Се издава без рецепт

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Несаканите дејства може да се минимизираат со примена на најниската ефективна доза, во најкраток временски период, потребна за контрола на симптомите.

Препорачаната доза на ибупрофен е 1200 mg -1600 mg дневно, во поделени дози. Кај некои пациенти, доза на одржување е 600 mg -1200 mg дневно. При тешки или акутни состојби, дозата може да се зголеми, се додека акутната фаза не се стави под контрола, под услов вкупната дневна доза да не биде поголема од 2400 mg, во поделени дози. Растојанието помеѓу дозите треба да изнесува 6-8 часа, а најмалку 4 часа.
Дневната доза на ибупрофен е 20 mg/kg телесна тежина во поделени дози. Растојанието помеѓу дозите треба да изнесува 6-8 часа, а најмалку 4 часа. При јувенилен ревматоиден артритис, може да се применат дози до 40 mg/kg телесна тежина дневно, во поделени дози. Примената на ибупрофен не се препорачува кај деца со телесна тежина помала од 7 kg.
Кај постарите пациенти постои зголемен ризик од сериозни последици на несаканите дејства. Ако примената на НСАИЛ е неопходна, треба да се применува најниската ефективна доза, во најкраток можен временски период. Во тек на третманот со НСАИЛ, пациентот треба редовно да се мониторира, поради можноста од гастроинтестинално крварење. Во случај на нарушување на реналната или хепаталната функција, потребна е индивидуална модификација на дозата.

Лекот е наменет за перорална примена.

АКТИФЕН® филм-обложените таблети, по можност треба да се земат во тек на оброк или после оброк, со чаша вода. Таблетите треба да се проголтаат цели.

Лековите кои се издаваат без рецепт, се купуваат по слободен избор на потрошувачот.
Сепак, матичниот доктор и фармацевтот треба да бидат информирани кои лекови кои се издаваат без рецепт нивниот пациент ги користи.

Additional information

СОСТАВ

1 филм-обложена таблета, каплета од 200 mg содржи 200 mg ибупрофен. 1 филм-обложена таблета, каплета од 400 mg содржи 400 mg ибупрофен.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Ибупрофен, поради своето аналгетско и антиинфламаторно дејство, индициран е во третман на ревматоиден артритис (вклучувајќи јувенилен ревматоиден артритис или Стилова болест), анкилозен спондилитис, остеоартритис и други неревматоидни (серонегативни) артропатии. Во третманот на вонзглобни ревматски состојби, ибупрофен е индициран кај периартикуларните состојби, како што е замрзнато рамо (капсулитис), бурзитис, тендинитис, теносиновитис и болка во долниот дел на грбот. Исто така, ибупрофен, може да се користи при повреди на меките ткива, како изместување (шинување) и истегнување. Исто така, ибупрофен е индициран во ублажување на блага до умерена болка, како дисменореја, дентална и постоперативна болка и симптоматско ублажување на главоболка, вклучувајќи мигрена. Ибупрофен е индициран и за краткотраен третман на пирексија.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Ибупрофен е контраиндициран кај пациенти со хиперсензитивност кон активната супстанција или било која од помошните супстанции на лекот. Ибупрофен не треба да се применува кај пациенти кај кои после примена на ибупрофен, ацетилсалицилна киселина или други НСАИЛ, се јавиле хиперсензитивни реакции (на пример астма, уртикарија, ангиоедем или ринитис). Ибупрофен, исто така е контраиндициран кај пациенти со историја на гастроинтестинално крварење или перфорација, поврзани со претходна примена на НСАИЛ. Ибупрофен не треба да се применува кај пациенти со активен пептички улкус или историја на рекурентен пептички улкус или гастроинтестинално крварење (две или повеќе различни епизоди со потврдена улцерација или крварење). Ибупрофен не треба да се дава на пациенти со состојби кои вклучуваат зголемена тенденција за крварење. Ибупрофен е контраиндициран кај пациенти со тешка срцева, хепатална и ренална инсуфициенција. Ибупрофен е контраиндициран за време на последниот триместар од бременоста.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 10 филм-обложени таблети, каплети од 200 mg во блистер пакување. Кутија со 20 филм-обложени таблети, каплети од 200 mg во блистер пакување. Кутија со 10 филм-обложени таблети, каплети од 400 mg во блистер пакување. Кутија со 20 филм-обложени таблети, каплети од 400 mg во блистер пакување.