Алерзин®

Cetirizine
Филм-обложени таблети 10 mg
ATC R06A E07
Се издава без рецепт

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Филм-обложените таблети од 10 mg се наменети за примена кај возрасни и деца постари од 12 години. Возрасни и деца постари од 12 години: 1 таблета (10 mg) еднаш на ден. Постари пациенти: Податоците укажуваат дека нема потреба од намалување на дозата кај постари пациенти со нормална ренална функција. Пациенти со умерено до тешко ренално нарушување: Нема податоци за ефикасноста/безбедноста од употребата на цетиризин кај пациенти со ренално нарушување. Бидејќи цетиризин главно се екскретира по ренален пат, во оние случаи каде не може да се примени алтернативна терапија, дозирањето треба да се прилагоди во согласност со реналната функција. Дадена е табела за дозирање на лекот. За да може да се употреби табелата, потребно е да се одреди клиренсот на креатинин на пациентот (CLcr изразен во mL/min). CLcr (mL/min) може да се одреди преку серумскиот креатинин (mg/dl) според следнава формула: CLcr = [140-возраст на пациентот (години)] x телесна тежина (kg) (x 0.85 за жени) 72 x серумскиот креатинин (mg/dl) Прилагодување на дозата кај возрасни пациенти со нарушена ренална функција Група Клиренс на креатинин (mL/min) Дозирање Нормална ренална функција ?80 10 mg еднаш на ден Благо нарушување на реналната функција 50-79 10 mg еднаш на ден Умерено нарушување на реналната функција* 30-49 5 mg еднаш на ден Тешко нарушување на реналната функција* <30 5 mg еднаш на секои 2 дена Краен стадиум на ренална болест-Пациенти на дијализа <10 контраиндицирано *Не се препорачува употреба на Цетиризин/Алерзин® филм-обложените таблети кај возрасни пациенти со умерено или тешко нарушување на реналната функција, затоа што моментално достапните филм-обложени таблети не овозможуваат соодветно прилагодување на дозата. Пациенти со хепатално нарушување: Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со хепатално нарушување. Пациенти со хепатално и ренално нарушување: Се препорачува прилагодување на дозата (видете “Пациенти со умерено до тешко нарушување на реналната функција”). Начин на употреба Таблетата треба да се проголта со чаша вода.

 

Лековите кои се издаваат без рецепт, се купуваат по слободен избор на потрошувачот.
Сепак, матичниот доктор и фармацевтот треба да бидат информирани кои лекови кои се издаваат без рецепт нивниот пациент ги користи.

Additional information

СОСТАВ

1 филм-обложена таблета содржи 10 mg цетиризин дихидрохлорид.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Цетиризин се употребува за ублажување на симптомите кај сезонски и целогодишен алергиски ринитис (поврзани со носот и очите) и хронична идиопатска уртикарија.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Преосетливост на активната супстанција, на некоја од помошните супстанции на лекот, на хидроксизин или на било кои пиперазински деривати. Пациенти со тешко нарушување на реналната функција и клиренс на креатинин <10 mL/min.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 10 филм-обложени таблети од 10 mg во блистер пакување. Кутија со 20 филм-обложени таблети од 10 mg во блистер пакување.