Форвита ® Анти-стрес

Идеална комбинација за ослободување од стрес и напнатост

ФОРВИТА® АНТИ-СТРЕС филм-обложените таблети се комбинација на магнезиум и витамин Б6, супстанции кои се важни за клеточниот метаболизам и клеточниот раст.

Магнезиумот е минерал од витално значење, кој организмот не може да го синтетизира. Неопходен е за снабдување на клетките со енергија и игра значајна улога во активацијата на ензимите. Поради тоа е важен за правилно функционирање на нервниот, нервомускулниот систем и срцето. Помага при одржување на коските преку помагање на процесите на формирање и ресорпција на коските. Знаци на недостаток на магнезиум во организмот се: брзо заморување, грчеви на мускулите под коленото, кардиоваскуларни нарушувања, депресија и безволност.

Витаминот Б6 е потребен за протеинскиот метаболизам на клетките, нормално функционирање на нервниот и одбрамбениот систем на организмот и има важна улога во создавањето на хемоглобинот во црвените крвни клетки. Витаминот Б6 ја зголемува апсорпцијата на магнезиум во гастро – интестиналниот тракт.

ФОРВИТА® АНТИ-СТРЕС филм-обложените таблети се препорачуваат при:

  • стрес,
  • намален имунитет,
  • зголемена физичка или психичка активност,
  • зголемена иритабилност,
  • небалансирана исхрана (еднолична исхрана,  диети),
  • честа употреба на лекови за регулирање на столицата (лаксативи),
  • нередовен начин на живот (пушење, прекумерно пиење алкохол, кафе, чај),
  • лошо расположение и несоница,
  • проблеми со концентрацијата и помнењето,
  • мускулни конвулзии (грчеви),
  • пред-менструален синдром.
Category:

Additional information

СОСТАВ

1 филм-обложена таблета содржи:
Магнезиум (во форма 50 mg
на магнезиум лактат)
Витамин Б6 2 mg

ЕФЕКТИ

ФОРВИТА® АНТИ-СТРЕС филм-обложените таблети се
препорачуваат при: стрес, намален имунитет, зголемена
1 филм-обложена таблета содржи:
Магнезиум (во форма 50 mg
на магнезиум лактат)
Витамин Б6 2 mg
Идеална комбинација за ослободување од стрес и напнатост
ФОРВИТА® АНТИ-СТРЕС
физичка или психичка активност, зголемена
иритабилност, небалансирана исхрана
(еднолична исхрана, диети), честа употреба на
лекови за регулирање на столицата (лаксативи),
нередовен начин на живот (пушење,
прекумерно пиење алкохол, кафе, чај), лошо
расположение и несоница, проблеми со
концентрацијата и помнењето, мускулни
конвулзии (грчеви), пред-менструален синдром

НАЧИН НА УПОТРЕБА

Деца над 14 годишна возраст и возрасни: 1-3
филм-обложени таблети на ден.
Во тек на бременост и доење: 1 филм-обложена
таблета на ден.