Форвита ® Флекси Актив

капсули со комбинација на Глукозамин, Хондроитин, Витамин Е и Хијалуронска киселина, 310 mg + 240 mg + 5 mg + 20 mg

Подобрете ја подвижноста на зглобовите со  една капсула на ден  ФОРВИТА® ФЛЕКСИ   АКТИВ       

Глукозаминот е амино шеќер кој се создава во телото по природен пат. Тој е главна состојка на ΄рскавицата во зглобовите. Со стареење способноста на телото за обновување на оштетените зглобови се намалува, што се поврзува со зголемена склоност кон разни механички повреди и дегенеративни промени на зглобните структури. Глукозаминот е присутен во ракчиња, школки, животински коски и коскена срцевина. Ја стимулира синтезата на ΄рскавицата во зглобовите преку создавање на шеќери со долги ланци – гликоаминогликани (градбени единици на ΄рскавицата).

Хондроитин сулфатот спаѓа во групата на хетерополисахариди наречени гликоаминогликани. Хондроитинот природно се наоѓа во телото и го стимулира создавањето на главните компоненти за изградба на ΄рскавицата.

Хиалуронската киселина е компонента на синовијалната течност во зглобовите која ја потхранува структурата на ΄рскавицата.

Витамин Е спаѓа во групата на витамини растворливи во масти, а придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес. Со тоа  ја  заштитува  ДНК, протеините и мастите од оксидативно оштетување.

Category:

Additional information

СОСТАВ

1 капсула содржи:
Глукозамин сулфат 310 mg
Хондроитин сулфат 240 mg
Витамин Е 5 mg
Хијалуронска киселина 20 mg

НАЧИН НА УПОТРЕБА

Возрасни и млади над 18 годишна возраст: по 1
капсула три пати на ден пред оброк