Heaven 7® Face Clean

 Гел против акни 30 ml

Heaven 7® Face Clean гел против акни  за интензивна нега на мрсна и проблематична кожа.

Содржи комбинација од пет компоненти:  витамин Б3 (Niacinamide), Бисаболол, Алантоин, Пантенол и витамин Е (Tocophrerol), кои го ублажуваат  црвенило на кожата и го регулираат  лачењето на лојните жлезди, со што се намалува можноста за создавање акни и митесери.

Начин на употреба:

Heaven 7® Face Clean гелот се применувава секое утро и вечер на темелно исчистена и сува кожа. Се нанесува  во тенок слој со нежно втривање, на местата каде кожата е масна и/ или се присутни акни и митесери.

Само за надворешна употреба.

Производот не содржи вештачки бои и парабени.Не смее да се употребува доколку постои преосетливост  на некоја од состојките на гелот.Да се чува на тепература до  25оС  подалеку од дофат на деца.Рокот  на употреба е означен на пакувањето.

Category:

Additional information

Состојки

Aqua/ Water, Propylene glycol, Glycerol, Niacinamide, Panthenol, Tocopherol, Caprylyl glycol/ Ethylhexylglicerin, Carbomer, Bisabolol, PEG/PPG-20/6 Dimethicone, Allantoin, Imidazolinidyl urea, Sodium hydroxide, Fragrance Niva 342030.

Витамин Б3 (Niacinamide)

е витамин важен за здравјето на кожата и е ефективен во третманот на акни. Ги поседува следниве предности:
– ги намалува воспалителните процеси на кожата и поволно делува на масна кожа и кожа склона кон создавање на акни и митесери;
– го помага отстранувањето на мртви клетки од порите на кожата и помага да се одржуваат порите отворени;
– го спречува губењето на влажноста од кожата, ги намалува фините брчки, иритацијата и црвенилото;
– ја заштитува кожата од бактериите кои предизвикуваат создавање на акни и од нечистотии;
– го намалува создавањето на себум (масна супстанција) во кожата;
– ја измазнува кожата и ја намалува прекумерната пигментација (лузни од акни).

Камилицата

во народната медицина е лековита билка, позната по своите повеќекратни позитивни својства. Етеричното масло од цветот на камилицата содржи околу 50% природен алфа-бисаболол. Многу студии покажуваат дека кога алфа-бисаболол локално се применува ја смирува кожата, поради што е идеален во формулации кои се создадени за нега и заштита на кожата, склона кон создавање акни и митесери. Камилицата помага и при зараснувањето на рани на кожата и слузниците.
Заради нејзиното смирувачко, анти-надразнувачко и антибактериско својство, камилицата наоѓа широка примена во различни козметички препарати.

Алантоинот

како составна компонента на гелот позитивно делува против сувите и оштетени клетки на кожата и ја подобрува свежината и сјајот на лицето. Заради своите кератолитички својства алантоинот помага во елиминирање на оштетениот слој од површината на кожата, со што кожата станува посвежа, нежна и мазна.

Пантенолот

ја подобрува хидратација на кожата, со што ја смирува надразнетата кожа, ја подобрува текстурата и помага при нејзината епителизација.

Витаминот Е

е антиоксидант кој ги раствора површинските масти на кожата и делува смирувачки на кожата, Витаминот Е поседува хидратирачки својства и ги забавува знаците на стареење на кожата.