Heaven 7 Ker-al

Крем со уреа 5% и млечна киселина  50 мл

Heaven 7  Ker–al содржи уреа и млечна киселина кои се компоненти на природниот фактор за влажнење на кожата. Тие имаат улога да ја задржуваат водата помеѓу клетките од површинскиот слој на кожата. При недостаток  на влажност кожата станува сува, задебелена, испукана и ја губи својата еластичност. Многу често се јавува црвенило и чуство на чешање.

Heaven 7  Ker–al крем со уреа и млечна киселина е направена според делотворна формулација која овозможува идеална нега на сувата кожа, која ја прави помека, понежна и ги ублажува симптомите на егзема и псоријаза. Има одлична ефикасност и компатибилност со кожата.

Не содржи парфеми и бои, со што се намалува ризикот од појава на иритации и алергии.

Се препорачува за:

  • сува, исклучително сува, груба и испукана кожа
  • дополнителна нега на кожа со егзема и псоријаза
  • нега на сува кожа кај возрасни лица, деца и лица со дијабет
  • нега на сува кожа настаната како резултат на влијание на фактори од надворешната средина и работното место

Употреба:

Да се нанесува редовно, секое утро и вечер на исчистена и сува кожа. Само за надворешна употреба. Не смее  да се  употребува доколку постои преосетливост на некоја од состојките на кремот. Да се чува на температура до 25ºC подалеку од дофат на деца! Рокот на употреба е означенна пакувањето.

Category:

Additional information

Состојки

Aqua, Petrolatum, Propylene glycol, Caprylic/Capric Triglyceride, PEG-20 Glyceryl Stearate, Cetyl Alcohol, Urea, Sodium Lactate, Glyceryl Stearate, Lactic Acid.

Уреата

, по нанесувањето, навлегува во кожата и ја задржува водата. Таа ја зголемува способноста на кожата да ја одржува влажноста и да се рехидрира.

Млечната киселина

е позната како кератолитик го разградува кератинот – протеин кој и самиот е дел од структурата на кожата. На тој начин млечната киселина ја прави кожата мека и значително го подобрува изгледот на сувата, испукана кожа. Ова истовремено помага уреата да навлезе во кожата и да ја рехидрира.