Heaven7® Scarless

Крем против лузни  со 5 растителни екстракти 50 ml  

Heaven7® Scarless крем против лузни е делотворна комбинација на пет природни растителни екстракти кои го помагаат процесот на зацелување  на лузните на кожата.

Кремот е најефикасен доколку се започне со апликација веднаш по создавањето на лузните, но позитивно делува и при апликација на постари постоечките лузни.

Сувиот екстракт од кромид, кој традиционално се користи во третман на лузни е најмногу застапен во  Heaven7® Scarless кремот.

Покрај сувиот екстракт од кромид Heaven7® Scarless кремот содржи уште четири растителни екстракти: екстракт од ајдучка трева, екстракт од  кантарион, екстракт од невен и екстракт од арника.

Употреба :

Се нанесува  на чиста и сува кожа со благо втривање неколку пати дневно на потребното место. За да се постигнат оптимални видливи резултати потребно е да се користи најмалку 3 месеци.

Само за надворешна употреба. Производот не е наменет за употреба на отворени рани. Не содржи вештачки бои, парфеми  и парабени. Бојата и мирисот потекнуваат од растителните екстракти. Може да ја обои облеката и кожата. Не смее да се користи  доколку постои преосетливост на некоја од состојките на кремот. Да се чува на температура до  25оС, подалеку од дофат на деца.

Рокот  на употреба е означен на пакувањето.

Category:

Additional information

Состав

Aqua, Petrolatum, Propylene glycol, Allium Cepa Bulb Extract, Caprilic/Capric Trygliceride, PEG-20 Glyceryl Stearate, Cetyl Alcohol, Calendula Officinalis Flower Extract, Arnica Montana Flower Extract, Glyceryl Stearate, Achilea Millefolium Flower Extract, Hypericum Perforatum Flower Extract, Phenoxyethanol, Allantoin.

Кромидот (Allium cepa)

содржи флавоноиди со природни анти-воспалителни својства, кои помагаат во намалување на црвенилото на површината на воспалената кожа и кожа со лузни. Поседува и бактерицидни својства. Дополнително го омекнува ткивото на површината на лузните преку спречување прекумерното создавање на колаген. Тоа резултира со намалена изразеност/ видливост на лузните на површината на кожата.

Ајдучката трева (Achilea millefolium)

го забрзува заздравувањето на рани и исекотини на кожата.

Кантарионот (Hypericum perforatum)

има природно анти-воспалително дејство, особено е делотворен кај проблематична и чувствителна кожа. Кантарионот делува смирувачки на кожата и го забрзува заздравувањето на рани и други оштетувања на кожата.

Невенот (Calendula officinalis )

има широка традиционална примена во препарати за нега на кожа, главно поради своите анти-воспалителни својства. Особено етеричното масло екстрахирано од цветовите на невенот, позитивно делува на сите типови на кожа преку ефектот на смирување на површинските инфекции и активирање на процесите на заздравување на лузните на кожата.

Арника (Arnica Montana)

е растение од кое најчесто се користи екстрактот од цветот, како најделотворен против сува и/ или оштетена кожа, преку ефектот на намалување на лупењето и подобрување на еластичноста и мекоста на кожата.