Heaven7® Ves-na

Антиперспирантен гел, 30 ml  

Heaven7® Ves-na  антиперспирантиниот гел е наменет за третман на прекумерното потење или хиперхидроза. Претставува уникатна формула развиена и одобрена од дерматолозите во која се комбинирани делотворноста на алуминиум хлорид хексахидрат и ефектите на хидрофилната гел база.

Heaven7® Ves-na  антиперспирантниот гел содржи алуминиум хлорид хексахидрат, кој навлегува во порите на кожата, но не ги блокира потните жлезди. Со намалување на прекумерното лачење на потните жлезди, се спречува развој на бактерии и појава на непријатен мирис.

Употреба:

Heaven7® Ves-na  антиперспирантниот гел се нанесува локално на проблематичните места како што се дланките на рацете, на стапалата и под пазувите, еднаш дневно најдобро навечер. Се остава да делува на потните жлезди преку ноќ кога тие се најмалку активни, за да се спречи прекумерното потење во текот на денот.

Heaven7® Ves-na  антиперспирантниот гел се користи секоја ноќ додека не се добие саканиот ефект ( околу 1 недела).

Heaven7® Ves-na  антиперспирантниот гел треба да се нанесе на целосно сува кожа и се остава да делува преку ноќ. Наутро добро да се измие местото со вода и сапун. Да не се нанесува повторно во текот на денот.

Heaven7® Ves-na  антиперспирантниот гел да не се нанесува 24 часа после бричење или депилација. Гелот да не се нанесува на лице. Кога ќе се намали прекумерното потење, да се продолжи со понатамошната примена еднаш или до двапати неделно или по препорака на лекар.

Само за надворешна употреба. Да се нанесува исклучиво на сува кожа. Не смее да се употребува доколку постои преосетливост на некоја од состојките на гелот. Да не се нанесува на осетлива, иритирана или повредена кожа. Да се избегнува контакт со очи, нос и уста. Да се избегнува контакт со накит. Да не се користи за деца до 14 години. Да не се нанесува на лице, кожата е нежна и осетлива. Да се чува на температура до  25оС, подалеку од дофат на деца.

Category:

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Heaven7® Ves-na”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *