Клопидогрел актив®

Clopidogrel
Филм-обложени таблети 75 mg   
ATC B01A C04
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Клопидогрел се дава во еднократна дневна доза од 75 mg, со или без храна. Кај пациенти со акутен коронарен синдром: – Кај акутен коронарен синдром со non-ST сегмент елевација (нестабилна ангина или non-Q миокарден инфаркт), се започнува со 300 mg клопидогрел како еднократна ударна доза, а потоа се продолжува со 75 mg клопидогрел еднаш на ден (во комбинација со ацетилсалицилна киселина од 75 mg-325 mg дневно). Бидејќи примената на повисоки дози на ацетилсалицилна киселина е поврзана со поголем ризик од крварење, се препорачува дозите на ацетилсалицилната киселина да не бидат поголеми од 100 mg. Оптималното траење на лекувањето се уште не е формално утврдено. Резултатите од клиничките студии го подржуваат третманот до најмногу 12 месеци, а максималната корист од него може да се види уште на третиот месец. – Кај акутен миокарден инфаркт со ST сегмент елевација, клопидогрел треба да се применува еднаш на ден во доза од 75 mg, а се започнува со 300 mg клопидогрел ударна доза, во комбинација со ацетилсалицилна киселина со или без тромболитици. Кај пациенти над 75 години, третманот со клопидогрел не треба да се започне со ударна доза. Со комбинираното лекување треба да се започне што е можно побрзо по појавувањето на симптомите и да се продолжи најмалку 4 недели. Користа од комбинацијата на клопидогрел со ацетилсалицилна киселина во траење подолго од 4 недели, не е испитувана во оваа ситуација.
Безбедноста и ефикасноста на клопидогрел кај деца и адолесценти сеуште не е утврдена
Кај пациенти со ренално оштетување, терапиското искуство со клопидогрел е ограничено.
Кај пациенти со умерено хепатално оштетување кои може да имаат хеморагична дијатеза, терапиското искуство со клопидогрел е ограничено.
Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување.
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Additional information

СОСТАВ

1 филм-обложена таблета содржи 75 mg клопидогрел во форма на клопидогрел бисулфат, помошни супстанции, пигмент титан диоксид, боја железо оксид црвена Е 172.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Превенција на атеротромботични состојби кај:
● Пациенти со миокарден инфаркт (во период од неколку дена до 35 дена), исхемичен инсулт (од 7 дена до 6 месеци) или постоечка периферна артериска болест.
● Пациенти со акутен коронарен синдром:
– акутен коронарен синдром со non-ST сегмент елевација (нестабилна ангина или non-Q миокарден инфаркт), вклучувајќи пациенти кои се подвргнуваат на вградување на стент после перкутана коронарна интервенција, во комбинација со ацетилсалицилна киселина;
– акутен миокарден инфаркт со ST сегмент елевација, во комбинација со ацетилсалицилна киселина кај пациенти кај кои може да се примени тромболитичка терапија.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

-Преосетливост кон клопидогрел или било кои помошни супстанции на лекот,
– тешко хепатално оштетување,
– активно патолошко крварење (на пр. од улкус од гастроинтестинален тракт, интракранијално крварење).

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 30 филм-обложени таблети од 75 mg (3 блистери x 10 филм-обложени таблети).
Кутија со 60 филм-обложени таблети од 75 mg (6 блистери x 10 филм-обложени таблети).
Кутија со 90 филм-обложени таблети од 75 mg (9 блистери x 10 филм-обложени таблети).