Линеспор® Екстра (A07F A51)

Lactobacillus acidophilus HA-122, Lactobacilllus rhamnosus HA-111, Streptococcus thermophilus HA-110, Lactobacilllus delbrueckii ssp. bulgaricus HA – 137

Живи лиофилизирани млечно-киселински бактерии 2×10 9 CFU / капсула*

* Во микробиологија, colony-forming unit (CFU или cfu) претставува мерка за бројот на живи бактерии или габи.
21 капсула x (2x 109 CFU/caps.)
ATC A07FA51
Се издава без рецепт

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Терапија
Деца од 1-3 години: 1-2 капсули дневно (во зависност од клиничките симптоми).
Деца од 3-12 години: 1 капсула, 3 пати на ден.
Возрасни и деца над 12 години: 1-2 капсули, 2-3 пати дневно.
Профилакса
Деца под 1 година: 1/2 капсула дневно.
Деца од 1-6 години: 1 капсула дневно.
Деца од 6-12 години: 1-2 капсули дневно.
Возрасни и деца над 12 години: 1-2 капсули, 2-3 пати дневно.

Линеспор® Екстра капсулите треба да се земаат со оброк. Капсулите не треба да се земаат со алкохол или топли напитоци.
Кај деца кои не можат да ја проголтаат капсулата, потребно е да се отвори капсулата, потребната содржина да се сипе во лажица и да се измеша со мала количина на течност.

Лековите кои се издаваат без рецепт, се купуваат по слободен избор на потрошувачот.
Сепак, матичниот доктор и фармацевтот треба да бидат информирани кои лекови кои се издаваат без рецепт нивниот пациент ги користи.

Additional information

СОСТАВ

Капсули, тврди
Состав:
1 капсула, тврда содржи живи лиофилизирани млечно-киселински бактерии 2×10 9 CFU / капсула:
Lactobacillus delbrueck ssp. bulgaricus HA-137 0.62 mg
Lactobacillus rhamnosus HA – 111 10.46 mg
Lactobacillus acidophilus HA – 122 0.69 mg
Streptococcus thermophilus HA – 110 0.36 mg

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Линеспор® Екстра капсулите се употребуваат за превенција и третман на дијареја, акутна или хронична констипација, метеоризам и други дигестивни пореметувања предизвикани од:

бактериски и вирусни инфекции на дигестивниот тракт,
после долготраен третман со антибиотици од широк спектар, ирадијација на абдоминалните и карличните органи.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Линеспор® Екстра капсулите не треба да се употребуваат при преосетливост на било која од составните компоненти на лекот, или на млеко и млечни производи.
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 21 капсула, тврда во пластичен контејнер.