ЛОРАТАДИН

Loratadine
Таблети 10 mg

ATC  R06AX13
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


 

Возрасни и деца над 12 години: 10 mg еднаш на ден (1 таблета еднаш еднаш на ден).
Деца од 2 до 12 години (дозирањето е во однос на телесната тежина): Телесна тежина поголема од 30 kg: 10 mg еднаш на ден (1 таблета еднаш еднаш на ден). Телесна тежина од 30 kg или помала: Кај деца со телесна тежина помала од 30 kg не е соодветна примената на таблети со јачина од 10 mg. Постојат други формулации посоодветни за примена кај деца од 2 до 12 години со телесна тежина од 30 kg или помала. Ефикасноста и безбедноста на лоратадин таблети кај деца под 2 годишна возраст не е утврдена. Нема достапни податоци.
Кај пациенти со тешко хепатално нарушување треба да се применува пониска почетна доза, поради можноста од намален клиренс на лоратадин. Кај возрасни и деца со телесна тежина поголема од 30 kg, препорачана почетна доза е 10 mg секој втор ден.
Не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со ренална инсуфициенција.
Не е потребно прилагодување на дозата кај постарите пациенти.
За перорална примена. Таблетите може да се употребуваат независно од оброците.

Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување.
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Additional information

СОСТАВ

1 таблета содржи 10 mg лоратадин.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Лоратадин таблетите се наменети за симптоматска терапија на алергиски ринитис и хронична идиопатска уртикарија кај возрасни и деца над 2 годишна возраст со телесна тежина поголема од 30 kg.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Преосетливост на лоратадин или на некоја од помошните супстанции на лекот.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 20 таблети од 10 mg во блистер пакување