Неуро-вит

Thiamine, pyridoxine, cyanocobalamin

ATC A11DB

Филм-обложени таблети (100 mg+200 mg+0.2 mg)

Се издава на рецепт

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Препорачана доза е 1 филм-обложена таблета, еднаш на ден. Во поединечни случаи дозата може да се зголеми на 1 филм-обложена таблета, трипати на ден. Времетраењето на терапијта го одредува лекар. После период од 4 недели, лекарот треба да одлучи за големината на дозата или продолжувањето на третманот. НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети треба да се проголтаат цели, без џвакање, со течност, во тек на оброк или после оброк. Деца и адолесценти Поради високата содржина на активните супстанции, НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети не се соодветни за примена кај деца (на возраст до 12 години).

Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Additional information

СОСТАВ

1 филм-обложена таблета содржи 100 mg тиамин хидрохлорид, 200 mg пиридоксин хидрохлорид и 0.2 mg цијанокобаламин.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети се комбинација на витамините Б1, Б6 и Б12. Се употребуваат како дополнителна терапија за невритис и невралгија (невропатии), како на пример: тригеминална невралгија, интеркостална невралгија, ишиалгија, лумбален синдром, цервикален синдром, синдром рамо-рака, радикуларен невритис кој се должи на дегенеративна болест на ‘рбетниот столб, фацијална парализа.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети не треба да се употребуваат кај пациенти преосетливи на некоја од активните супстанции или на било која помошна состојка на лекот. Поради високата содржина на активните супстанции, НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети не се соодветни за примена кај деца (на возраст до 12 години).

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 30 филм-обложени таблети од (100 mg+200 mg+0.2 mg) (3 блистера со по 10 филм-обложени таблети).