Омепразол

Omeprazole
ATC A02B C01

Гастрорезистентни капсули 20 mg

Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


За повеќе информации за дозирање и начин на употреба прочитајте ТУКА.

Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување.
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Additional information

СОСТАВ

1 гастрорезистентна капсула содржи 20 mg омепразол, помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Омепразол капсулите се индицирани за:
Возрасни
• Терапија на дуоденален улкус;
• Превенција на релапс на дуоденален улкус;
• Терапија на гастричен улкус;
• Превенција на релапс на гастричен улкус;
• Во комбинација со соодветни антибиотици, ерадикација на Helicobacter pylori (H. pylori) при пептичен улкус;
• Терапија на гастрични и дуоденални улкуси предизвикани од НСАИЛ
• Превенција на гастричен и дуоденален улкус предизвикан од НСАИЛ кај пациенти со ризик;
• Терапија на рефлуксен езофагитис;
• Долготрајно лекување на пациенти со излекуван рефлуксен езофагитис;
• Терапија на симптоматска гастро-езофагеална рефлуксна болест;
• Третман на Zollinger-Ellison-ов синдром.
Педијатриска популација
Деца на возраст над 1 година и 10 kg телесна тежина
• Терапија на рефлуксен езофагитис;
• Симптоматски третман на ждригавица и регургитација на киселина при геастро-езофагеална рефлуксна болест.
Деца над 4 годишна возраст и адолесценти
• Во комбинација со антибиотици во терапија на дуоденален улкус предизвикан од H. pylori

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Преосетливост кон омепразол, субституирани бензимидазоли или било која друга составна компонента на лекот.
Омепразолот како и другите инхибитори на протонската пумпа не треба да се администрира со нелфинавир.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со пластичен контејнер со 15 гасторезистентни капсули од 20 mg