Оралсепт®

Benzydamine
ATC A01A D02

0,15% раствор, спреј за уста 30 ml
Се издава без рецепт

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Возрасни и деца над 12 годишна возраст:

4-8 испрснувања, 2-6 пати дневно.
НАПОМЕНА: Пред првата употреба, испрснете еднаш од спрејот во воздух.

Слика 1: Шишенцето задржете го во исправена положба, со сликичката на капачето свртена кон себе. Подигнете го продолжетокот за испрснување на лево или десно (под агол од 90º).
Слика 2: Приближете го продолжетокот за испрснување кон устата и испрснете го потребниот број испрснувања. Временското растојание помеѓу две испрснувања не треба да е покусо од 5 секунди.
Слика 3: Вратете го продолжетокот за испрснување во првобитната положба (со врвот надолу).

Лековите кои се издаваат без рецепт, се купуваат по слободен избор на потрошувачот.
Сепак, матичниот доктор и фармацевтот треба да бидат информирани кои лекови кои се издаваат без рецепт нивниот пациент ги користи.

Additional information

СОСТАВ

0,15% раствор, спреј за уста
1 ml раствор содржи 1,5 mg бензидамин хидрохлорид, помошни супстанции, конзерванс метил парахидроксибензоат, засладувач сахарин натриум, арома пеперминт, бои (хинолин жолт 70 Е 104, индиготин 85 Е 132).

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Оралсепт® спрејот за уста е наменет за надворешна употреба во стоматологија и оториноларингологија, и тоа при:

воспалителни процеси на орална празнина, гингивитис, глоситис, афти, парадентоза, кариес и др;

како дел од комплементарен третман во конзервативна стоматологија и дентална хирургија;

инфекции на горни респираторни патишта, фарингитис, ларингитис, тонзилитис;

при антинеопластичен третман после хемотерапија, радиотерапија и интубација.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

преосетливост кон некоја од составните компоненти на лекот;

деца под 12 годишна возраст.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со пластичен контејнер со дозирачка пумпа, со 30 ml спреј за уста.