Селвисепт ®Ц

Жалфија | Витамин Ц | Пантотенска киселина

Салвисепт® ориблетите се комбинација на сув екстракт од жалфија, витамин Ц и пантотенска киселина.

Жалфија е прво традиционално средство кое се користи при лечење на  инфективни  болести  на грло и уста.

Етеричното масло од жалфија има антибактериско, фунгицидно и антивирусно својство. Тој има дејство на природен антисептик и делува на патогените микроорганизми при состојби на  фарингитис, ларингитис и тонзилитис.

Аскорбинската киселина (Витамин Ц) е силен антиоксиданс, ги врзува  слободните радикали и на тој начин ги штити клетките од стареење. Има важна улога во одбраната од инфекции (настинки и грип). Недостатокот на Витамин Ц предизвикува замор, мускулна слабост, болки во мускулите и зглобовите, сува кожа и коса, бавно заздравување на рани, крварење од носот, чувствителност кон инфекции, крварење и воспаление на гингивите.

Пантотенската киселина ја одржува нормалната функција на надбубрежната жлезда. Учествува во метаболизмот на мастите, јагленохидратите и протеините. Неопходен е во метаболизмот на кожата и слузниците. Ја покачува резистенцијата на слузницата кон инфекции.

Салвисепт® ориблетите со сув екстракт од жалфија, Витамин Ц и  пантотенска киселина ја  смируваат и обновуваат оштетената слузокожа на грлото и усната шуплина.

Можат да се користат секојдневно и за одржување на хигиената на устата и грлото.

Category:

Additional information

СОСТАВ

1 ориблета содржи:
Сув екстракт од жалфија 80 mg
(Salvia o™cinalis L.),
Витамин Ц 30 mg
Пантотенска киселина 3 mg

ЕФЕКТИ

Салвисепт® ориблетите со сув екстракт од жалфија, Витамин Ц и
пантотенска киселина ја смируваат и обновуваат оштетената
слузокожа на грлото и усната шуплина.
Можат да се користат секојдневно и за одржување на хигиената
на устата и грлото.