ВЕНТОР®

Nimesulide
Гел 2%
ATC M02A A
Се издава без рецепт

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Тенок слој од гелот се нанесува на заболеното место два до три пати на ден, со лесно втривање.
Времетраењето на третманот со нимесулид гелот е 7-15 дена.
Деца (<12 години возраст): Нимесулид е контраиндициран кај овие пациенти.

 

Лековите кои се издаваат без рецепт, се купуваат по слободен избор на потрошувачот.
Сепак, матичниот доктор и фармацевтот треба да бидат информирани кои лекови кои се издаваат без рецепт нивниот пациент ги користи.

Additional information

СОСТАВ

100 g гел содржи 2 g нимесулид, помошни супстанции, конзерванси (метил парахидроксибензоат, пропил парахидроксибензоат).

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Вентор® во облик на гел е индициран за симптоматски третман на болка и инфламација при различни нарушувања на мускулноскелетниот систем и меките ткива од ревматска и трауматска природа.
Особено е ефикасен за локален третман на болни и инфламаторни состојби како што се акутни, субакутни или хронични нарушувања на мускулноскелетниот систем и меките ткива (истегнување, шинување и други повреди како тендинитис, теносиновитис, бурзитис, епикондилитис), како и за хронични артропатии, како што е остеоартритисот и други ревматски состојби (периартритис, бурзитис).

КОНТРАИНДИКАЦИИ

– Позната преосетливост кон нимесулид или било која од составните компоненти на лекот,
– историја на хиперсензитивни реакции (на пр. бронхоспазам, ринитис, уртикарија) од ацетилсалицилна киселина или други НСАИЛ,
– примена на оштетена или соголена кожа или инфицирани делови од кожата,
– истовремена примена со други лекови за локална употреба,
– деца под 12 годишна возраст.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со туба со 50 g гел 2%.