Витамин Б6

Pyridoxine
Таблети 20×20 mg
ATC A11H A02
Се издава без рецепт

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Дефицит на витамин Б6
20-50 mg, до 3 пати на ден.
Невропатија предизвикана со изониазид
профилакса – 10 mg еднаш на ден.
лекување – 50 mg три пати на ден.
Идиопатска сидеробластична анемија
100-400 mg на ден, поделено во неколку дози.
Предменструален синдром
50-100 mg на ден, поделено во неколку дози.
Повраќање при бременост
20-100 mg на ден, поделено во неколку дози.
Пореметување во метаболизмот на аминокиселини (цистинурија);
60 mg на ден во тек на 3 недели, како и 50 mg на ден доживотно.

Лековите кои се издаваат без рецепт, се купуваат по слободен избор на потрошувачот.
Сепак, матичниот доктор и фармацевтот треба да бидат информирани кои лекови кои се издаваат без рецепт нивниот пациент ги користи.

Additional information

СОСТАВ

1 таблета содржи пиридоксин хидрохлорид 20 mg.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

– хиповитаминоза и авитаминоза на витамин Б6;
– невропатија предизвикана со изониазид;
– идиопатска сидеробластична анемија;
– предменструален синдром;
– повраќање за време на бременост;
– пореметување во метаболизмот на пиридоксин кај жени кои употребуваат контрацептиви со естрогени;
– радијациска болест;
– пореметување во метаболизмот на аминокиселини (цистинурија);
– полиневрит кај алкохоличари;
– терапија со изониазид, хидралазин, циклосерин и пенициламин;
– конвулзии на новороденче предизвикани со дефицит на витамин Б6;
– профилактички, кога се очекува недостаток на други витамини од групата Б.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Преосетливост на пиридоксин или другите составни компоненти на лекот и истовремена терапија со леводопа.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 20 таблети од 20 mg