Во рамките на активностите за континуирана медицинска едукација Здружението на анаестезиолози и Македонската асоцијација на пластични, реконструктивни и естетски хирурзи одражаа работилница на тема: “Третман на хронична болка и малигни заболувања на кожа со осврт на светски искуства од употребата на Канабис за медицински цели“, во клуб ресторан Ден Ноќ на ден 25.01.2018 година.

Целта на работилницата беше да се да се даде осврт на етиологијата и моменталниот терапевтски пристап кон хроничната болка, вклучително и болката при малигни заболувања, како и можностите за проширување на третманскиот арментариум со производи од канабис за медицинска употреба за што предавања одржаа Прим.др.сци Татјана Тројиќ и Проф. Д-р Смиља Туџарова.

Примената на овие производи како третманска можност за различни состојби е прилично актуелна во светски рамки и на работилницата беа изнсени карактеристиките и светските искуства од можностите за примена на производите од канабис за медицинска употреба за што предавање одржа д-р, спец. Гордана Дамјановска.

Пред почеток на работилницата со поздравен говор се обрати претседателот на Македонско Лекарско Друштво Проф. Д-р Горан Димитров , Проф. Д-р Андријан Карталов претседател на Здружението на анестезиолози и Проф. Д-р Смиља Туџарова претседател на Здружението на пластични, реконструктивни и естетски хирурзи.

На работилницата присуствуваа над 150 лекари анестезиолози и пластични хирурзи од Македонија.

Во текот на работилницата се разви дискусија на која лекарите пројавија интерес и активно учество, со заклучок за понатамошно продлабочување на знаењето како и одржување и на други стручни состаноци на оваа тема.