„Примена и практични искуства од употребата на медицински канабис – гранични производи што содржат канабидиол”

РАБОТИЛНИЦА 5

Работилницата на 14 декември 2017 година беше со група лекари и фармацевти од Штип  во просториите на хотел Изгрев, Штип на тема „Примена и практични искуства од употребата на медицински канабис – гранични производи што содржат канабидиол“. 

 

РАБОТИЛНИЦИ 2, 3 и 4

Работилниците продолжија и на 19 октомври 2017 година со група лекари и фармацевти од Тетово, 23 ноевмври 2017 година со група лекари и фармацевти од Куманово и на 30 ноември со група фармацевти и лекари од Кавадарци во просториите на Реплек АД – Скопје на тема „Примена и практични искуства од употребата на медицински канабис – гранични производи што содржат канабидиол“. 

Како и минатиот пат Д-р Ирена Витановска, специјалист по семејна медицина од ПЗУ Ихтус Ремедиум, која ги применува Каноил производите во својата пракса направи комплетен приказ на личните искуства од употребата на овие производи како дополнителен третман при различни здравствени состојби кај различни пациенти.

Присутните лекари и фармацевти изразија посебен интерес за презентираните практични искуства, со посебно нагласување дека слични позитивни сознанија  се забележани и кај нивни пациенти. 

РАБОТИЛНИЦА 1

Во рамките на планираните работилници, кои ќе се одржуваат во наредните месеци со мали групи лекари и фармацевти, а со цел споделување на знаења и искуства од примената на граничните производи Каноил, на 21 септември 2017 година во просториите на Реплек АД – Скопје се одржа првата работилница на тема „Примена и практични искуства од употребата на медицински канабис – гранични производи што содржат канабидиол“ со група лекари и фармацевти од Куманово.

Воведно излагање имаше д-р Љубица Јосифоска од секторот за медицинско информирање во Реплек Фарм на тема „Каноил® гранични производи – Канабидиол (CBD) од растението канабис за медицинска употреба“

Д-р Ирена Витановска, специјалист по семејна медицина од ПЗУ Ихтус Ремедиум, која ги применува Каноил производите во својата пракса направи комплетен приказ на личните искуства од употребата на овие производи како дополнителен третман при различни здравствени состојби кај различни пациенти.

Присутните лекари и фармацевти изразија посебен интерес за презентираните практични искуства, со посебно нагласување дека слични позитивни сознанија  се забележани и кај нивни пациенти.