„Примена и практични искуства од употребата на медицински канабис – гранични производи што содржат канабидиол”

Во рамките на планираните работилници, кои ќе се одржуваат во наредните месеци со мали групи лекари и фармацевти, а со цел споделување на знаења и искуства од примената на граничните производи Каноил, на 16 февруари и 16 март 2018 година во просториите на хотел Сириус, Струмица се одржаа две работилници од планираните за 2018 година. Тема на работилниците наменети за фармацевти и лекари беше  „Примена и практични искуства од употребата на медицински канабис – гранични производи што содржат канабидиол“.

 

На презентацијата за фармацевти Гордана Трендовска Серафимовска, фарм. спец. по Контрола на квалитет во Реплек Фарм со темата ” Каноил – гранични производи со CBD ( Канабидиол ) од природен екстракт од канабис”, објасни подетално за квалитетот на производите, начинот на екстракција и безбедносниот профил. Др. Љубица Јосифоска во својата презентација на тема ” Каноил гранични произвоиди – Канабидиол (CBD) од растението канабис за медицинска употреба”, ги запозна лекарите со медицинската примена и механизмот на дејство на канабиноидите како и индикационото подрачје и дозирањето на препаратите од Каноил линијата. Др.Ирена Витановска спец. по општа и семејна медицина од ПЗУ Ихтус Ремедиум која врз основа на секојдневната примена на Каноил производите во својата пракса, презентираше на  тема ” Примена и практични искуства од употребата на медицински канабис”, каде направи комплетен приказ на личните искуства од употребата на овие производи како дополнителен третман при различни здравствени состојби кај различни пациенти. Подетално за искуствата од примената на Каноил и краткиот проект воден од Др. Витановска прочитајте на следниот линк.