Во рамките на активностите за континуирана медицинска едукација Здружението за палијативна грижа на Македонија одржа редовна секција на тема: “Насоки за палијативната грижа“, во клуб ресторан Ден Ноќ на ден 10.05.2018 година.

Целта на работилницата беше  да се даде осврт на основите принципи и развојот на палијативната грижа, пред се кај пациенти со малигни заболувања, како и можностите за проширување на третманскиот арментариум со производи од канабис за медицинска употреба.

Примената на овие производи како третманска можност за различни состојби е прилично актуелна во светски рамки и на работилницата беа изнсени карактеристиките и светските искуства од можностите за примена на производите од канабис за медицинска употреба за што предавање одржа д-р, спец. Гордана Дамјановска.

Пред почеток на работилницата со поздравен говор се обрати претседателката на здружението др. Лидија Ветеровска Миљковиќ, а настанот го отвори директорката на Геронтолошки завод „13 Ноември“, др. Салија Љатиф Петрушовска.

Во рамките на програмата се презентираа следните теми:

  1. Основни принципи и развој на палијативната грижа во Р. Македонијадр. Лидија Ветеровска Миљковиќ, спец.по интерна медицина, претседател на здружението
  2. Каде завршува куратива, а почнува палијатива за пациент со малигни болести др. Нино Васев, спец. онколог, директор на Институт за онкологија и радиотерапија
  3. Патека на палијативно болен пациент – контакт со семеен доктордр. Лидија Павлеска, спец. по интерна медицина, потпретседател на здружението
  4. Светски искуства од примена на производи од канабис за медицинска употребадр. Гордана Дамјановска, спец. по клиничка фармакологија, Реплек Фарм