Реплек Фарм ДООЕЛ, Скопје успешно ја помина инспекцијата и се здоби со Сертификат за Добра Производна Пракса Бр. GMP-00389/17/МК, од 6 Октомври 2017 година, издаден од Министерство за Индустрија  и Трговија на Руската Федерација. Со ова се докажа спремноста на Реплек Фарм, фабриката за лекови во целост да ги следи основните принципи на Добрата Производна Пракса за обезбедување на квалитетно производство на своите лекови и да го продолжи успешниот настап на пазарот во Руската Федерација.

Со ова Реплек Фарм ДООЕЛ Скопје во континутет продолжува да обезбедува производството на своите медицинските производи да одговара на основната намена, односно истите да се произведуваат во согласност со барањата за квалитет, сигурност, ефикасност и безбедност.