Во рамките на годишното собрание на Здружение за хематологија на Македонија на 17.11.2017 година во конференциската сала на Реплек Фарм се одржа 6 – ти  редовен состанок на тема: “Акутна миелоидна леукемија”.

По воведниот збор на проф. д-р Ката Мартинова, претседател на Здружение за хематологија на Македонија, со стручни предавања поврзани со темата на состанокот учествуваа проф. д-р Светлана Кочова, нас. доц. д-р Сања Трајкова, акад. проф. д-р Александар Димовски, доц. д-р Надица Матевска Гешковска, нас. доц. д-р Светлана Крстевска Балканов, д-р Мартин Ивановски и науч. сор. д-р Александра Пивкова Вељановска.

На крајот Д-р Гордана Дамјановска спец. клинички фармаколог од Реплек Фарм изнесе ставови и искуства на тема „Примена на производи од канабис за медицинска употреба“.

Присутните на настанот се здобија со сертификат акредитиран од МЛД и ЛКМ.