Во согласност со концептот на развојната стратегија, една од основните цели во натамошниот развој беше изградбата и формирањето на модерна фабрика за производство на лекови и други фармацевтско-хемиски производи Реплек Фарм ДООЕЛ Скопје, финализирана во 2001 година.

Дизајнирана е, градена и опремена во согласност со најсовремените барања на Добрата производствена пракса (GMP) како и најстрогите барања за заштита на човековата средина. Денес, фабриката претставува комплетна, оперативна, високостандардизирана целина која произведува повеќе од 150 различни лекови, регистрирани во нашата земја и други држави.

ЗА РЕПЛЕК ФАРМ

Slider

ОБРАЌАЊЕ НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР

replek-air

После 15 години интензивно работење и инвестирање, денес можеме да кажеме дека Реплек Фарм ДООЕЛ Скопје изгради богато портфолио од фармацевтски производи, регистрирани и во употреба на домашниот пазар, а истовремено успеа да ги имплементира најсовремените меѓународни стандарди за квалитет, сигурност и безбедност во производствениот процес.

Исто така, континуирано работевме на создавањето и негувањето на добрите договорни и бизнис релации со добро селектираните добавувачи, а посебно се трудевме да создадеме доверба во релациите со нашите партнери односно клиентите, купувачите и пациентите.

Од друга страна, посебно внимание обрнуваме на формирање на амбициозен тим од високоедуцирани и искусни професионалци кои што пак, се ангажирани во стручното градење на своите поединечни тимови од млади кадри.

Портфолиото од лекови на Реплек Фарм ДООЕЛ Скопје денес содржи околу 150 различни генерички лекови, развиени како прва линија генерика или добровоспоставена генерика. Овие лекови покриваат околу 11 различни фармакотерапевтски групи и во себе ги содржат и десетте најдобро продавани лекови на светско ниво и тоа: Клопидогрел (инхибитор на тромбоцитна агрегација), Аторвастатин и Симвастатин (хиполипемици, инхибитори на ензимот HMG – CoA редуктаза), Рисперидон и Оланзапин (неспецифични антипсихотици), Азитромицин и Кларитромицин (антиинфламаторни макролиди)и еден од најпознатите хинолони Ципрофлоксацин.

Во последните години, заради постигнувањето на претходно зададените цели, Реплек Фарм ДООЕЛ Скопје почна интензивно да настапува на странските пазари со исклучително добро селектирање на странските партнери и воспоставување различни типови на договори, што денес резултира во завидна застапеност на нашите лекови и во други земји, како и добро препознавање на брендот Реплек Фарм. Заради тоа, и нашите идни планови, покрај застапеноста на пазарот во Република Македонија се посебно фокусирани на експанзијата на компанијата на странските пазари со нови производи и доброосмислени промотивни активности.

Очекуваме во наредните години да ги издигнеме стандардите на фабриката со меѓународни сертификации, да ги збогатиме нашите извозни активности и да го доизградиме нашиот имиџ на компанија која се грижи за своите вработени и за своите партнери, односно ја поддржува политиката за заштита на животната средина.”

Image is not available
Image is not available
Image is not available
Icon
Icon
Image is not available
Image is not available
Image is not available
Icon
Icon
Image is not available
Image is not available
Image is not available
Icon
Icon
Icon
Slider